– Нов случај на ебола е откриен на истокот на Демократска Република Конго, на повеќе од шест недели по последниот забележан случај, соопштија властите во оваа африканска земја.
Британските медиуми пренесуваат дека оваа централноафриканска земја токму оваа недела планирала да го прогласи крајот на втората најголема епидемија од оваа болест во својата историја.
Во текот на епидемијата од ебола во оваа земја досега починаа околу 2.200 лица.