Согласно Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на ДКСК, предмет на проверка се анкетните листови на поранешните обвинители на СЈО.
Како што се наведува во соопштението, во постапката за утврдување на фактичката состојба Државната комисија за спречување на корупцијата прибавила податоци од Министерството за финансии од кои констатирала дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за тоа, по надминување на вредност од 20 просечни плати, не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ.
Тргнувајќи од наведеното ДКСК заклучи да поведе прекршочна постапка за Катица Јанева, Фатиме Фетаи,Елизабета Јосифоска,Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе.