Русија протера десетина кинески туристи од Москва

Десетина кинески туристи се протерани од Москва затоа што не го почитувале режимот за самоизолација, а казнети се стотина, изјави градоначалникот Сергеј Собјањин.

„Казнети се стотина, а протерани се десетина кинески туристи, но тоа е доволно за да сфатат дека нема шега и сите треба да се стават во изолација“, рекол тој.

Собјањин додал дека е донесена одлука и за инспекција во превозот на кинеските државјани.

„Почнавме генерално да ги проверуваме сите кои го користат јавниот превоз. Тоа секако предизвика негативен одек“, рекол градоначалникот на Москва.

Рускиот претседател, Владимир Путин, на 2 април ја продолжи неработната недела до крајот на месецот поради пандемијата од коронавирус.

Во Русија заболени се 10.131 лице, починале 76 пациенти, а оздравеле 698.

Треба да знаете
Последни објави