Тројца гостиварци нападнале полицајци за време на полицискиот час, добиле и кривична оти ги снимале

Вчера околу 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.Н.(34) од Гостивар, поради сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, како и И.М.(35) и С.Т.(36), исто така, од Гостивар, поради сомнение за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие” и за „неовластено снимање”.

На нивното лишување му претходела пријавена поплака за нарушување на јавниот ред и мир на ул.„Мара Угринова” во Гостивар, по што биле преземени соодветни службени дејствија од полициските службеници.

Тројцатасе задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави