Јанша го нападна сонародникот Чеферин дека поради алчноста на УЕФА во Европа се случи биолошка бомба

Премиерот на Словенија Јанез Јанша го обвини својот сонародник, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин како главен виновник за ширењето на короноварусот во Европа, асоцијацијата која ја предводи навреме не го прекина елитното клупско фудбалско натпреаврување Лигата на шампионите. Многу експерти за заразни болести во Европа потврдија дека натпреварите од Лигата на шампионите се главна причина за ширењето на Ковид-19 во Европа, а посебно мечот меѓу Аталанта и Веленсија по што пандемијата ескалираше во Италија и Шпанија.

– Нивниот потег беше алчен, неодговорен и криминален, со што ширењето на вирусот ја стави и Словенија во опасност. Натпреварот Аталанта – Валенсија беше биолошка бомба по која веќе ништо не беше исто. И покрај предупредувањата од Свестската здравствена организација која прогласи пандемија не беше доволна тие да ја прекинат Лигата на шампионите. Се е тоа поради алчност и пари, изјави Јанша.

 

Треба да знаете
Последни објави