Во Сараево тестирани 66 лица ниту еден позитивен на коронавирусот

Во Клиничкиот центар при универзитетот во Сараево во текот на ноќта се тестирани 66 лица и сите се негативни на коронавирусот. Станува збор за земени брисови на лица од Сараево, Бихаќ и Цазин.

Во Босна и Херцеговина има евидентирано вкупно 859 заразени лица од коронавирусот, 101 досега се излекувало, а смртни случаи има 35.

Во Црна Гора  утрово се регистрирани три позитивни случаи на коронавирусот, по што вкупната бројка достигна 255 лица.

Новите три евидентирани случаји се лица од Подгорица. Во последната анализа биле тестирани 49 поединци.

Во текот на вчерашниот ден од претпладневниот до попладневниот преглед и во Црна Гора немаше новоинфицирани лица.

Треба да знаете
Последни објави