На 09.04.2020 во 13.00 часот во Полициската станица Пробиштип, С.Т.(27) од Пробиштип пријавил дека при изведување на градежни работи во фабрика во Пробиштип бил повреден М.С.(63) од село Злетово и од здобиените повреди починал.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.