Цементарница УСЈЕ редовно објавува неделен преглед на средно-дневните мерења на емисиите од главните емисиони точки на Цементарницата.
Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.
• Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност
со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
• Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина
• Кога печките на Цементарница УСЈЕ работат, тие работат 24 часа
Цементарница УСЈЕ пораи технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.
• Производството на цемент е поинтензивно лете, отколку зиме
Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо лете, отколку зиме.