Мичиген е трета држава во САД по бројот на заразени со коронавирусот. Пред помалку од еден месец таму имаше потврдено околу 300 случаи, а сега се повеќе од 20.000.
Вработените во болницата во Детроит за „CNN“ раскажале во какви услови работат со пациентите кои се заразени од коронавирусот. Како што велат, болницата е преполна со луѓе, па персоналот е принудан да сместува по четворица заразени пациенти во една соба, иако собата е предвидена за двајца. Тие исто така додаваат и дека поради малиот простор во болницата, пациентите кои се ставени на респиратор за дишење мора да лежат во ходниците, а тоа значи дека се мешаат и со луѓето кои дошле да побараат помош за некој друг здравствен проблем.
Медицинските сестри раскажуваат дека виделе двајца луѓе како умираат на креветите во ходниците, а како што додава, таму има толку многу луѓе што самиот персонал не може да постигне да се погрижи за секој поединечно. Една медицинска сестра раскажува дека еден пациент починал затоа што никој немал време да дојде кај него и да провери дали воопшто има пулс. Друг пациент, пак, починал откако респираторот случајно се исклучил, а никој од персоналот не забележал дека е исклучен…
Преземено од plusinfo.mk