– Во февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а за 2,3 проценти на годишно ниво.
Во февруари 2020, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,1 процент, во секторот Преработувачка индустрија за 0,3 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 4,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во февруари годинава, во споредба со февруари лани, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,3 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,1 процент, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3,5 проценти.
Статистичките податоци покажуваат дека во февруари 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки 0,8 проценти на месечно ниво, а за 3,6 проценти на годишно ниво.