ВМРО-ДПМНЕ оддава огромна почит за сите медиумски работници, кои во овие тешки денови се во 24 часовна готовност за навремено да не информираат за состојбите со коронавирусот, кај нас и во светот.
Медиумските работници се хероите кои го одржуваат системот во функција.
Му посакуваме на новинарот кај кого е дијагностициран коронавирус брзо закрепнување. На другите новинари им посакуваме добро здравје.
Воедно информираме и дека претседателот Христијан Мицкоски е негативен на коронавирусот, но се наоѓа во самоизолација и така и ќе остане до завршување на периодот од 14 дена.
Сите лица кои имале контакт со него се тестираат и се преземаат сите неопходни мерки.
Здравјето пред се!