Фармацевтската компанија Санофи вети дека ќе донира 100 милиони дози хидроксихлороин во 50 држави низ целиот свет за да помогне во лекувањето на Ковид-19, а доколку истражувањето потврди дека е ефикасно и безбедно, тие имаат намера да го донираат на сите.
Санофи вели дека веќе е двојно зголемен производниот капацитет на осум фабрики за производство на хидроксихлорохин во светот, додавајќи дека може да го удвојат производство до летото.
Клинички студии во моментов се спроведуваат во неколку земји за ефикасноста и безбедноста на хидроксихлорокин во третманот на Ковид-19. Хидроксихлорокин е дериват на антималарикот хлорокин и главно се користи во третманот на лупус и ревматоиден артритис. На почетокот на април, Европската агенција за лекови (ЕМА) предупреди дека антималарикот хлорокин и неговиот дериват хидроксихлорокин може да се користат само во третманот на Ковид-19 во клиничките испитувања и во „програми за итни случаи”.