Раководството на актуелниот шпански фудбалски првак и лидер до пшрекинот на сезоната Барселона, се растура. Соработката со претседателот Жозеп Бартомеу ја прекинаа шестмина членови на раковдството. Тие си поднесоа оставки, а Бартомеу го нарекоа „диктатор“. За оваа одлука луѓето кои одлучија да си заминат ги запознаа останатите членовите на клубот, навивачите и јавноста, со заедничко писмо.
Како една од причините за отпочнатат кавга со Бартомеу, е тоа што дел од раководството застанало на страната од Меси, а потоа биле обвинети од претседателот дека издавале информации од клубот до медиумите. Нешто такво излезе по наводниот првичен непостигнат договор со играчите за кратење на платите во времето на кризата со коронавирусот. Од Бартомеу се бара да организира час поскоро нови претседателски избори, пред да бида одржани редовините закажани за следното лето.
И првиот играч на „Камп Ноу“ капитенот и еден од најдобрите поединци на денешницата во најважната споредна работа на светот Лионел Меси е во „војна“ со претседателот на клубот.