На 09.04.2020 година во 17 часот и 20 минути, кај местото „Мороишки мост“, општина Струга, извршена е контрола врз Б.Ж. (28) од струшкото село Велешта, кој ја прекршил забраната за движење.
При обид за негово приведување, тој физички ги нападнал полициските службеници.
Истиот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради сторени кривични дела по член 206 и 383 од Кривичниот законик.