Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук синоќа објави видео порака на шефицата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје Џихан Тавилах, која им порачува на граѓаните да не излегуваат од дома освен во ситуции кога навистина мораат.
-Најважно е додека трае оваа ситуација да дадеме вистинска поддршка на здравствениот систем за тие да можат да се справат со големата бројка на луѓе кои се тешко болни, посочува Тавилах во пораката што ја пренесува Филипче.