Од денеска во 16 часот стартува викенд полицискиот час на целата територијата на Македонија, каков што имаше минатиот викенд во Куманово. Забраната за движење на населението, согласно одлуката на Владата ќе трае до понеделник до 5 часот. Со ова, почнува 61-часовен карантин за сите граѓани на територија на целата држава.
Скопјани имаа три дена можност да набават се што им е потребно за „продолжениот викенд“, па гужвите пред маркетите беа вообичаени, со нормално одржување на дистанцата колку што е можно.
Но, сепак, убавото време го искористија најголемиот дел граѓани да го поминат во паркот или на кејот, па се создаваат гужви во кои поголемиот број скопјани не носеа заштитни маски.
Фото: Слободан Ѓуриќ