Град Скопје: Ова не е време за политика и фалење, туку е време за човечка помош во овие критични моменти

Градот Скопје официјално со допис се обрати до збратимениот град Нанчанг и до амбасадата на НР Кина во Република Северна Македонија за евентуална помош и донација на медицинска опрема од збратимениот град. За тоа намена, Град Скопје имаше интензивна комуникација со градот Нанчанг и амбасадата на Република Северна Македонија во НР Кина, како и со кинеската амбасада во нашата држава.

Не знаеме дали господинот Коце Трајановски ургирал до збратимениот град Нанчинг во НР Кина за добивање на заштитни маски, но ако навистина е така, Град Скопје ја поздравува неговата ангажираност. Ова не е време за политика и фалење, туку е време за човечка помош во овие критични моменти.

Град Скопје во меѓувреме го организира и транспортот на донираната опрема, со цел истата што е можно побргу да стаса во нашиот град и биде од помош за надлежните градски и државни институции.

Уште еднаш во име на нашите граѓани, искажуваме голема благодарност кон збратимениот град Нанчанг и народот на НР Кина.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави