– Во источниот дел на грчкиот остров Крит, во близина на градот Ситиа, во 13.22 часот по локално време беше регистриран земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер, согласно Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Засега, нема информации за повредени лица или материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил девет километри североисточно од Ситиа, а 13 минути подоцна во истиот регион бил регистриран и уште еден потрес од 3,5 степени.