Прилепчанец изгоре во гаража

Прилепчанец на возраст од 65 години попладнево изгоре во пожар во гаражата од неговата куќа на улицата Никола Карев во центарот на Прилеп, објави „Телма“.

Се уште не се знае под кои околности се случил трагичниот настан,  но  од прилепското Основно јавно обвинителство за Телма потврдија дека нјаверојатно станува збор за несреќен случај при работа со запалива материја.

Нешто пред 17 часот попладнево  соседите виделе чад и слушнале  викање, по што притрчале да помогнат. Го виделе во пламен телото на соседот во гаражата, го изгаснале огнот, но човекот не преживеал.

-Видов чад, излегов на порта и видов мажите итрчаа. Се вратив дома и му реков на мажот ми да земе лопата и да помогне. Отидовме таму, другите веќе фрлаа песок, ама телото беше јагленисано, рече сосетка.

Фото: Телма

Треба да знаете
Последни објави