– Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се три нови смртни случаи, две жени и еден маж, на просечна возраст од 68,9 години, со што вкупниот број на починати изнесува 74 лица, јави дописникот на МИА од Белград.
Во изминатите 24 часа, тестирани се најмногу граѓани од појавата на вирусот- 2159 лица, од кои позитивни на вирусот се 275 случаи, со што вкупно заразени во Србија има 3380 лица, изјави на владината прес конференција на кризниот штаб, министерот за здравство Златибот Лончар.
Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 16.399 лица.
Во Ковид болниците вкупно се хоспитализирани 2436 пациенти, од кои 145 лица се тешки случаеви и ставени се на респиратор, кажа Лончар.
Во карантин за полесните случаи на епидемијата, на Белградскиот саем сместени се 323 лица, во спортскатa сала Чаир во Ниш и хотелот Ценротурист има 361 лице, а на Новосадскиот саем сместени се 127 пациенти.
-Во Србија евидентирани се и 441 здравствен работник позитивни на вирусот, од кои 258 лица се хоспитализирани во болниците како средни и тешки случаи, додека останатите се наоѓаат во карантин, изјави министерот за здравство.
Тој додаде дека во Домовите за стари лица во Србија евидентирани се 32 лица позитивни на коронавирусот и 13 вработени, деамантирајќи присуство на коронавирус кај денес починатите две лица во Домот за стари лица во Смедерево.
Според евиденција на министерството за здравство од епидемијата се лечат и 27 деца, кои се наоѓаат во добра здравствена состојба.
Со одлука на владата денешната прес конференцијата се одржа без присуство на новинарите, така да министерот за здравство со лекарите од кризниот штаб одговараа на повеќе од 100 прашања доставени преку маил.
На првото прашање за точноста на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека 80 отсто од 400.000 српски државјани кои дошле од странство се заразени со вирусот, Лончар одговори дека отсега кризниот штаб нема да се бави со политика, а за владината одлука прес конференциите да се одржуваат без новинари, кажа:
-Ова е важна недела со најголема можност за пренесување на вирусот, кој има влезено во оделни новинарски агенции и редакции, поради што сакаме да се грижиме и да го спречиме ширење на инфекцијата, на што епидемиологот Предраг Кон кажа дека се согласил со оваа одлука, „иако во тој момент не размислил подлабоко”.
Во Србија во тек е 60 часовен полицискиот час кој почна во петок во 17 часот и ќе трае до 5 часот во понеделник.