– Трети ден по ред Шпанија бележи пад на бројот на жртви од коронавирус. Во изминатите 24 часа починаа 510 лица, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека досега се починати вкупно 16.353 лица.
Бројот на заразени од Ковид-19 во Шпанија се зголеми на 161.852, додека вчера тој број изнесуваше 157.022.