Донирани 5.000 евра за Клиничката болница во Битола

 

– Компанијата „Моцарт” (Mozzart) во рамки на хуманитарната акција за помош во борбата со коронавирусот донираше 307.000 денари, односно 5.000 евра, наменети за Клиничката болница во Битола.

-Лидерот во областа на приредување игри на среќа – Моzzart Bet, подготви вкупна донација за болниците во износ од 50.000 евра. Досега помош добија здравствените установи во неколку градови: Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Општата болница во Дебар и Клиничката болница во Битола. Во следниот период ќе се реализираат уште неколку донации наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти, соопшти компанијата.

Директорката на болницата, д-р Билјана Гагачовска, изјави дека секоја донација им е добредојдена во овој момент кога се справуваат со пандемијата од КОВИД 19.

-Потребите на Клиничката болница Битола за донации од ваков вид се големи. Токму затоа оваа помош доаѓа во навистина важен и клучен момент и значително ќе ни помогне во зајакнувањето на нашите капацитети. Донираните средства ќе бидат искористени за набавка на лична заштитна опрема – скафандери и заштитни маски. Се надевам дека и другите стопански субјекти во градот ќе го следат примерот во општествената одговорност, истакна Гагачовска.

Компанијата донатор соопшти дека средствата наменети за македонските болници се распределуваат по приоритет, онаму каде што е најмногу потребно. Напомнува дека во овие тешки моменти е  исклучително важна солидарноста и ги повика и другите компании и поединци да го следат нивниот пример и да покажат општествена одговорност.

Треба да знаете
Последни објави