За време на полициски час групна тепачка во скопско Кучевиште

– На 10.04.2020 околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„7″ во с.Кучевиште, скопско, по претходна расправија поради меѓусебна нетрпеливост, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(29), С.Г(51) и М.Г.(63), од една страна, и М.Г.(74), С.Г.(47), В.Г.(42) и С.Г.(49), од друга страна, сите од с.Кучевиште, при што со тешки телесни повреди се здобиле М.Г.(74) и М.Г.(63). Повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави