Зидан направи донација на лекарите во Алжир

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан испрати медицинска опрема за да помогне во борбата против коронавирусот во Алжир, од каде потекнуваат неговите родители.

Донацијата, која вклучува пет целосно опремени легла за интензивна нега и опрема за вештачка вентилација, ја направи добротворната фондација Зидан за потребите на лекарите во Беџаја, главниот град на истоимената северо-источна провинција Алжир.

Гувернерот Ахмед Маабед особено им се заблагодари на претседателот на фондацијата и на таткото на фудбалската легенда, Идмаел Зидан, кој е роден во селото Агемун во покраината.

Смртните случаи на коронавирусот во Алжир се повеќе од 240, а заразените се повеќе од 1.700.

Зинедин Зидан, роден во Марсеј во 1972 година, ја однесе Франција до трофејот од Светскиот куп во 1998 година и до европската титула две години подоцна.

Треба да знаете
Последни објави