– Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во еден ден во Италија повторно се зголеми – во изминатите 24 часа има 619 нови смртни случаи, додека вчера беа – 570.
Дневниот број на нови случаи е исто така зголемен за 4.694, во однос на 3.951 претходниот ден.
Вкупниот број на смртни случаи достигна 19.468, а заразени се 152.271.
Денешниот биланс на состојба на починати е највисок од 6 април. Досега 3.534 лица се опоравиле од Ковид-19 во таа држава.