Од донации на домашни фирми собрани 800 илјади евра на наменската сметка на Министерство за здравство

Со  донации на домашните компаниии на наменската сметка на Министерството за здравство се собрани 800.000 евра.

Една од првите што излезе пресрет е Алкалоид, компанијата донира 200.000 евра за Министерството за здравство, а дополнително ги намали цените на 158 свои производи. Комерцијална банка обезбеди парична помош во износ од 100 илјади евра, и уште дополнителна заштитна опрема во вредност од 20 илјади евра. Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, издвои 100 илјади евра во опрема за здравство. Истото го стори и ОКТА со донација од 50 илјади евра, како и Битолска млекара со донација финансиски средства за сервис и репарација на апаратите за респираторна нега, коишто се потребни за Инфективната клиника во Скопје.

Голема помош за Министерството за здравство пристигна и од голем број странски држави, претставништва, амбасади и организации.За сите нив и за секоја донација Министерството за здравство упати јавна благодарност за укажаната помош. Дел од компаниите, како Халкбанк, Битолска млекара и Комерцијална, како помош за Владата и економскиот сектор за справување со последиците од епидемијата, предвреме го платија данокот на добивка.

Во справувањето на Владата и институциите со вонредната ситуација предизвикана од пандемијата клучна улога игра стопанскиот сектор со пружање многу потребна и значајна помош за ублажување на ефектите од кризата.

Треба да знаете
Последни објави