Во осум автомобили било провалено ноќта меѓу четвртокот и петокот во центарот на Скопје, дознава 24 Инфо.
На крадците им одговарал полицискиот час па непречено провалиле во автомобилите паркирани на улицата Козара во близина на Клиничкиот центар “Мајка Тереза”.
Сепак, не се задржувале премногу и откако ги кршеле стаклата на возилата краделе што им дошло под рака. При тоа успеале да украдат предмети од само два автомобила.
Случајот го потврдија од МВР.
-Ве известуваме дека на 09.04.2020 пријавено е дека на ул.“Козара“ извршени се две кривични дела “тешка кражба“ во моторни возила и шест кривични дела “тешки кражба во обид“ во моторни возила, рекоа од полицијата.