Владата денеска повторно организира онлајн информативна видеосесија „КОВИД-19, прашања и одговори”, овојпат на тема за социјалните мерки и за најчесто поставуваните прашања во областа на социјалната заштита и правата од работен однос.
Целта е да се информираат граѓаните и медиумите за сите детали поврзани со конкретните уредби донесени за корисниците на социјална заштита, лицата од неформалната економија и тие кои останале без приходи.
На прашањата, кои на повикот од Владата претходно се пратени на електронска адреса, а се однесуваат на оваа област, одговараат заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ.
Оваа практика за онлајн информирање на граѓаните за различни теми во врска со состојбата со КОВИИД-19 и за мерките за справување со последиците од пандемијата, Владата ја почна во средата, а прва тема на која беа давани одговори беше воведената мерка за ограничено движење.