(ВИДЕО) Папата Фрaнциск легна пред олтарот во празната базилика на Велики петок

На обредите во Велики петок, обично присуствуваат кардинали, епископи и до 10 000 верници, но овој пат како резултат на кризата со коронавирусот, во базиликата имаше само дваесетина луѓе, вклучително и асистенти на папата и мал број членови на хорот.

Папата Фрaнциск легна пред олтарот во празната базилика на Свети Петар на Велики петок, во знак на сеќавање на последните часови од животот на Исус Христос и неговото распнување.

Ритуалите за Велики петок се ретките кога папата не одржува проповед, туку наместо него ја одржа, Раниер Канталамеса од Домот на кардиналите.

Канталамеса рече дека пандемијата во која загинаа скоро 19,000 луѓе во Италија треба да ги охрабри луѓето да го почитуваат она што навистина е важно во нивните животи.

-Да не дозволиме толку многу смрт, толку многу страдања  и херојскиот ангажман на здравствените работници да бидат залудни. Треба најмногу да се плашиме од враќањето на старо- рече отец Канталамеса.

На обредите во Велики петок, обично присуствуваат кардинали, епископи и до 10 000 верници, но овој пат како резултат на кризата со коронавирусот, во базиликата имаше само дваесетина луѓе, вклучително и асистенти на папата и мал број членови на хорот.

Само папата го бакна крстот на крајот на обредот. Обично го бакнува секој кардинал, архиепископ и епископ во црквата.

Треба да знаете
Последни објави