Задоцнета е лажната грижа на Мицкоски, Владата веќе донесе втор сет економски мерки со кој се опфаќаат 250.000 работни места, следува и трет пакет мерки

Христијан Мицкоски продолжува да се однесува несериозно во време на сериозна здравствена и економска криза и наместо конструктивност, тера политиканство и популизам.
Владата ги слуша работниците, синдикатите и фирмите и затоа презема мерки кои му служат на стопанството, а не на Мицкоски кој по којзнае кој пат покажа дека не знае економија.
Задоцнета е лицемерната грижа на Мицкоски доцни, Владата веќе донесе втор сет економски мерки, а следува и трет, поголем пакет мерки кои ќе опфати уште повеќе компании и работни места.
Примитивноста е дел од речникот на Мицкоски, а неговото дејствување останува на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.
Со досега донесените мерки државата спасува 250.000 работни места и помага на 35.000 компании, мерките обезбедуваат помош и поддршка на бројни категории граѓани и речиси на над 70 отсто од дејностите.
Државата, институциите покажаа исклучителна подготвеност да се справат со здравствените предизвици од коронавирусот и ќе покажат иста таква подготвеност во справување со економските последици.

 

Треба да знаете
Последни објави