– Општините Брвеница и Боговиње добија донација од „Пакомак”- специјални контејнери за селективно одложување на отпадот, со цел на сите општествено одговорни жители да им го олеснат процесот на селективно одложување на стаклото, пластиката, хартијата и други композитни амбалажи.
Како што соопшти „Пакомак” и во овој период тие продолжуваат со своите континуирани инвестиции во подобрување на комуналната инфрастуктура во земјава.
– И во услови на вонредна состојба, ограничен престој надвор од домот и самоизолација за поголемиот дел од населението, се создава отпад од пакување кој не треба да заврши на депонија заедно со останатиот отпад. Животната средина е неповратен ресурс, и токму затоа и сега, а и во иднина треба одговорно да се однесуваме кон неа. Отпадот сеелктивно да го одложуваме, потоа тој да се рециклира, и што помал дел од него да заврши на депонија. На таков начин се заштитува природата, квалитетот на почвата, на воздухот кои се од непроценливо значење за секоја општина, се вели во соопштението.