– Во Франција на режим на парцијална невработеност се наоѓаат осум милиони работници, од повеќе од 700.000 претпријатија, односно повеќе од една третина од вработените во приватниот сектор, јави дописникот на МИА.
Таа бројка е зголемена за три милиони од минатата недела, објави на својот профил на Твитер, министерката за труд Муриел Пенико.
Парцијалната невработеност им дозволува на вработените да бидат обештетени до 70 отсто од бруто платата и 84 отсто од нето платата.
Според министерката за труд, таа мерка ќе чини околу 20 милијарди евра, но е исплатлива, бидејќи дозволува избегнување масовни отпуштања од работа.