– Шефот на службата за јавно здравје на САД, Џером Адамс, потврди дека коронавирусот повеќе ги погодува малцинските американски заедници.
Тој на прес-конференцијата во Белата куќа рече дека луѓето со темна кожа не се биолошки или генетски предиспонирани да се заразат со Ковид-19, но социјално се предиспонирани да бидат изложени на вирусот.
-Загрижувачки е, но не е изненадувачки што обоените луѓе имаат поголем проблем со хронични заболувања, рече Адамс.
Како што објасни тој, Афроамериканците и Индијанците добиваат висок крвен притисок на многу помлада возраст, а луѓето од Порторико почесто страдаат од астма.
Според него, „црните момчиња имаат поголема веројатност да починат од астма отколку белите момчиња.
– Факт е дека носам инхалатор во џебот веќе 40 години од страв дека ќе имам фатален напда на астма. Овој ихалатор покажува на деца ширум државата дека еден ден може да пораснат и да станат шеф на службата за јавно здравје во САД, нагласи Адамс.