– Во Бугарија вкупниот број заразени лица со Ковид-19 изнесува 675, соопшти Националниот оперативен штаб.
Во текот на денешниот ден потврдени се шест нови случаи, од кои четири во Софија и два во Стара Загора, јави БГНЕС.
Под лекарски надзор во болнички услови се 275 пациенти, од кои 36 се на интензивна нега.
Од вкупниот број заразени, 377 се мажи и 298 жени.
Бројот на починати од Ковид-19 во Бугарија е 29 лица.