– Папата Франциск во велигденската порака своите мисли ги упати до сите оние кои се погодени од коронавирусот – болните, починатите и нивните семејства, повикувајќи го светот да го остави оружјето, да ги намали санкциите и да ги отпише долговите кон сиромашните земји за да се спротивстават на епидемијата, а ја предупреди и Европската унија.
Папата повика на ублажување на меѓународните санкции и намалување на долговите на земјите во развој, за да им се помогне на сите земји да се справат со ефектите од пандемијата на Ковид-19.
– Меѓународните санкции да се ублажат бидејќи им отежнуваат на земјите на кои им се наметнати соодветно да им помогнат на своите граѓани. Сите нации треба да бидат во можност да ги задоволат своите моментално најголеми потреби со тоа што ќе им го намалат, а можеби и простат долгот што ги оптоварува, рече папата Франциск.