Министерката за финансии, Нина Ангеловска е изгубена во времето и просторот и се однесува како Алиса во земјата на чудата, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на министерката.
Според паритјата, нема бизнисмен и гранка која ги подржува нејзините мерки.
„Намерата на Нина Ангеловска и Зоран Заев да ја разгледуваат можноста за покачување на акцизата на горивата е доказ дека тие ја разбираат кризата како можност да се удри по граѓаните и да им се одземат пари за да се покрива расипништвото на СДСМ“, се наведува во партиската реакција.
Во неа се додава дека македонската економија е во колапс, а владата на СДСМ не презема ништо.
„Мерките кои што ги презентира Нина Ангеловска за стопанството се несериозни, задоцнети и недоволни и не значат никаква помош, напротив само продлабочување на тешката ситуација во која се наоѓа државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.