Пожарите во забранетата зона во Чернобил се уште се активни, веќе десетти ден по ред, и покрај напорите на украинските пожарникари кои се борат со огнот во областа и употребата на авиони кои досега исфрлија скоро 400 тони вода.
Пожарот, кој со денови ги голта радиоактивните шуми на забранетата зона во Чернобил, се приближува до саркофагот што го покрива уништениот нуклеарен реактор. Пожарот кон реакторот го наведуваат силни ветрови кои дополнително ја комплицираат работата на противпожарната служба.
Forest in Chernobyl, Ukraine.
The fire broke out on last Saturday and spread over 250 acres in a forested area near the Chernobyl power plant. pic.twitter.com/6JDDrB0weg
— Farhang F. Namdar (@FarhangNamdar) April 11, 2020
Постојат стравувања дека пожарот би можел да стигне до контаминираните камиони и други возила што останаа напуштени во областа по катастрофалната експлозија во 1986 година.
Во напорите за ставање под контрола на пожарот вклучени се 366 лица и 88 возила, вклучувајќи три авиони и три хеликоптери кои вчера ослободија 370 тони вода, во момент кога Украина се бори против епидемијата на коронавирусот.
Огнената стихија тројно се зголеми во последните неколку дена и зафати скоро 100.000 хектари. Густиот чад над шумата може да се види од 30 километри оддалечениот Припјат.
🔥 FIRE IS VISIBLE FROM Pripyat ❗️❗️
Start to pray 🙏 #chernobyl #breakingnews #chernobylwelcome #prayforchernobyl #forestfire pic.twitter.com/Hg3htqOUIq
— ChernobylX (@ChernobylX_tour) April 13, 2020
Forest fires in Chernobyl Exclusion Zone 'close' to nuclear reactor https://t.co/gWiArwSJnt via @MailOnline
— Jukka P.Seppälä 🐶💛💙🇫🇮🇪🇺 #standwithUkraine (@JukkaPSeppl) April 13, 2020
Официјални лица посочуваат дека состојбата со зрачење во Киев и регионот е стабилна и дека дозата на површината на земјата и радиоактивната содржина во водата не ги надминуваат дозволените граници, но нивото на зрачење околу Чернобил веќе скокна откако избувнаа пожарите.
Стравувањата се дека зрачењето ќе биде уште поголемо, или дури ќе стигне и до Киев, бидејќи пожарот се приближува до уништениот реактор, пренесува „Дејли меил“.
Raging forest fires threatening Chernobyl site as experts fear nuclear wall of flames could spew toxic air over Europe https://t.co/mpQyPk4hrb #END
— Barbara Santana (@Barbara96913515) April 13, 2020
На луѓето не им е дозволено да живеат во радиус од околу 30 километри од нуклеарна централа лоцирана на околу 100 километри од Киев.
Шумските пожари во забранетата зона во Чернобил започнаа на 4 април, а полицијата го идентификуваше лицето за кое постои сомнение дека го предизвикало пожарот како дваесет и седумгодишен жител на регионот Киев, и против него е покрената кривична постапка