ВМРО-ДПМНЕ: Додека Шилегов покажува колку е некултурен, Скопје тоне во смет

Петре Шилегов единствено ќе остане запаметен по неговите нервни испади на јавна сцена и по ѓубрето на улиците, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по вечерашното гостување на скопскиот градоначалник во емисијата „Топ тема“ на Телма.

„Факт е дека Шилегов има проблем да се концентрира, но тоа не смее да биде оправдување за неговото вулгарно и недолично однесување. Шилегов е срам за скопјани. Тој е најнеспособниот градоначалник кој досега го водел Скопје. Шилегов нема капацитет да ја извршува функцијата. Шилегов ќе остане запаметен единствено по неговите нервни испади на јавна сцена. И додека тој покажува колку е некултурен по емисии, Скопје тоне во смет. Комунална хигиена не си ја завршила својата работа затоа што Шилегов го мрзело да извади дозвола за работа во трета смена. Затоа Скопје тоне во ѓубре, а на неколку километри од центарот на градот имаме дива депонија која може да предизвика нова зараза од пандемиски размери. Петре, можеш да навредуваш колку сакаш, ама барем фати се за работа. Уште си градоначалник, иако не за долго“, наведено е во партиското соопштение.

Треба да знаете
Последни објави