Заев од изолација: Aпелирам граѓаните да ги почитуваат институциите и сето она што се укажува и препорачува

За време на самоизолазија работам, поминувам време со фамилијата, читам и гледам филмови, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во денешното вклучување на Канал 5 ТВ.

-Сакам да испратам апел до сите граѓани, да знаат, дека државата и институциите постојат за нив, за сите можни потреби им стојат на располагање. Но, истовремено апелирам граѓаните да ги почитуваат институциите и сето она што се укажува или препорачува. На тој начин ќе се заштитиме себе, а ќе ги заштитиме роднините, пријателите и сите со кои комуницираме. Само така полесно ќе ја пребродиме оваа криза предизвикана од коронавирусот. Поздрав од Струмица, порача Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/649840962259331/

Треба да знаете
Последни објави