Во Русија се потврдени 2.558 нови случаи на коронавирус, најмногу за еден ден, со што вкупниот број на заразени изнесува 18.328.
За 24 часа починале уште 18 лица, вкупно 148 лица.
Закрепнале 1.470 пациенти, соопшти рускиот центар за сузбивање на епидемијата, пренесува ТАСС.
Случаи на коронавирус се регистрирани во 82 региони, а најголем број заразени има во Москва, над 11.500.