Ким Џонг Ун изврши реконструкција на високо владино тело

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун спроведе голема реконструкција на високото владино тело Комисијата за државни работи, во кое смени третина од неговите членови, објавија денеска официјалните севернокорејски медиуми.

Внукот на основачот на Народна демократска Република Кореја продолжува да ја зацврстува својата власт, откако го наследи неговиот татко Ким Џонг Ил во 2011 година.

Тој е претседател на Комисијата за државни работи, чии петмина од вкупно 13 членови се разрешени. Реконструкцијата на телото вчера ја потврди Врховното национално собрание, севернокорејскиот парламент, објави денеска официјалната агенција КЦНА.

Се работи за голема реконструкција на раководството на телото, изјави поранешната членка на администрацијата на САД и експерт за Северна Кореја, Рејчел Ли.

Комисијата за државни работи е формирана во 2016 година, заменувајќи ја моќната Комисија за национална одбрана, која беше врховен орган за политичко одлучување.

Фотографиите објавени во севернокорејскиот весник Родонг Шинмун покажуваат некои членови на Врховното национално собрание како седат многу блиску еден до друг, при што никој не носи маска.

Во посебно соопштение Владата го потврдува континуираниот став на Северна Кореја дека во земјата нема случај на новиот коронавирус, иако епидемијата што започна во соседна Кина се прошири во речиси сите земји во светот.

Треба да знаете
Последни објави