Компанијата “Smithfield Foods”, водечки светски преработувач на свинско месо, соопштила дека ќе ја затвори фабриката во САД на неодредено време поради налог за ширење на короанвирусот меѓу вработените.
Во соопштението на Smithfield се предупредува на можен недостиг на свински преработки бидејќи резервите се трошат, бидејќи сопирањето на работата на кланиците предизвикува пореметување во американскиот ланец за снабдување со храна – се намалува достапноста на месото во продавниците и сточарите ги остава без продажни места за стоката.
Како што известува “Reuters”, Smithfield продолжил со стопирањето на работата во погонот во Сиукс Фолс, во Јужна Дакота, откако првобитно најавил дека привремено ќе ја затвори фабриката поради дезинфекција на просторите.
Smithfield Foods is shutting its pork processing facility in South Dakota after dozens of employees tested positive for the coronavirus https://t.co/nheeYnKG3j pic.twitter.com/83rOnV7Zh9
— Reuters (@Reuters) April 13, 2020
Тој погон е еден од најголемите за преработка на свинско месо во САД, кој учествува со 4,0 до 5,0 проценти во вкупното американско производство на свинско месо, се наведува во соопштението на компанијата.
Гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, во саботата изјавила дека 238 вработени во Смитфилд се заразени со коронавирус, што сочинува 55 проценти од вкупниот број на случаи во државата.
Ноем и градоначалникот на Сиукс Фолс и препорачале на компанијата да ја затвори фабриката, која брои околу 3.700 работници, најмалку на две недели.