По 2.000 евра казна за 16 битолчани и 12 гевгеличани

За  обвинетите, обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив висина од по 10 евра во денарска противвредност.​

Денеска Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд  Битола поднесе 12 предлози за издавање на казнени налози против вкупно 16 лица , сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не се придржувале кон мерките за забрана за движење на територијата на Општина Битола во периодот на полицискиот час на 12.04.2020 година.

Обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, со определување на износот на дневна глоба во вредност од по 20 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави