ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба од приемни испити на факултети, СДСМ да не се меша во работата на професорите

Нема потреба од приемни испити на факултети, СДСМ да не се меша во работата на професорите, велат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со предлогот на СДСМ да се укине државната матура ова година, а факултетите, каде ќе има голема конкуренција за упис, селекцијата да ја направат преку приемен испит.

„И после месец и половина немаат одлука, туку размисллуваат и повторно прават грешка. Им препорачуваат на факултетите да спроведат приемен испит затоа што ќе имале голем наплив за упис на студенти. Бидејќи немаат идеи и не знаат самите да го решат проблемот им препорачуваме внимателно да читаат и да слушаат што зборуваме скоро 2 месеци.
Не мора да има приемни испити, не мора, ако учениците се оценат со средна оценка изведена од претходните години, првото полугодие од оваа учебна година и ангажманот за време на далечинското учење“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат од каде е идејата дека повеќето ученици би се одлучиле за факултет, различно од претходните години?

„Тие планираат сите да ги оценат со петки? Па не се тие наставници. Наставниците оценуваат, не СДСМ. Сигурни сме дека наставниците и со намалени плати ќе си ја завршат работата чесно и одговорно. Наместо да им се мешаат на наставниците во работата подобро е да прават стратегија за тоа што ќе прават во август и септември за децата кои не се опфатени со далечинското учење, што со децата со посебни потрЕби и што со илјадници студенти кои ќе треба да ја надокнадат практична настава, колоквиумите и да полагаат испити“, велат од ВМРО-ДПМ

Треба да знаете
Последни објави