ВМРО-ДПМНЕ: Таканаречената „помош“ која Владата ја дава на стопанството е несериозна во однос на последиците

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Таканаречената „помош“ која Владата на СДСМ ја дава на стопанството е несериозна во однос на последиците кои што ни следуваат поради кризата со која се соочуваат компаниите како резултат на пандемијата на корона вирусот.

Првичните анкети и анализи велат дека секој петти граѓанин на Република Македонија добил привремен отказ, што значи дека во моментов над 100 илјади граѓани се оставени без приход.

Граѓаните на свој грб чувствуваат дека мерките на Владата не вродуваат со плод кога се уште немаат земено плата, кога нивниот работодавач им го врачува отказното решение и кога немаат средства за основните животни потреби.

И за цело ова време Владата на СДСМ наместо да бара начин како да им помогне на граѓаните, Владата бара начин како да спечали на сметка на обичниот човек.

Во услови на светска економска криза и пандемија на опасниот корона вирус, додека целиот свет бара начин како да ги олесни давачките за граѓаните и стопанството, Владата на СДСМ ја зголемува акцизата за горивата, што на крајот од денот повторно ќе падне на грбот на обичниот човек.

Македонија мора да се излезе од оваа криза, економијата клекната на колена мора да се исправи и пред овој предизвик, а за тоа потребни се сериозни мерки кои наместо да ги осиромашуваат граѓаните навистина ќе значат повеќе за сите во овие тешки времиња.

 

Треба да знаете
Последни објави