ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се рекламира со одговарање прашања на стримовите од влада, како да ширењето на вирусот низ земјава е реклама за Топ Шоп

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ е фабрика за пласирање на лажни вести.

Со пласирање на лажни вести и клевети не може да се сокрие фактот дека владата на Заев е неспособна.

Министерот Филипче се обидува да се рекламира со одговарање прашања на стримовите од влада, како да ширењето на вирусот низ земјава е реклама за Топ Шоп производи.

Се споредуваат нелогични бројки во кои што власта сака да прикаже дека имаме најниска заразеност со корона вирусот во регионот и во Европа, кога анализите на милион жители го покажуваат сосема спротивното.

Нашата земја е прва само по бројот на скандали и афери. Први сме и во злоупотреба на кризата за профитерските апетити на функционерите на власт.

СДСМ буквално нема идеја и план што со себе, а на пак со државата.

Македонија со секој поминат ден со СДСМ само тоне. СДСМ е партија која ја враќа транзицијата и олигархијата, но овој пат тоа нема да им успее.

 

Треба да знаете
Последни објави