Во текот на изминатите 24 часа во Франција се регистрирани 574 смртни случаи, односно 14.967 смртни случаи од почетокот на епидемијата, јави дописникот на МИА.
На интензивна нега се 6.821 пациент, а во неделата имало 6.845. Здравствените власти наведоа дека важно е да се задржи будноста бидејќи и понатаму во болниците во Франција има голем број пациенти.