Во Јужна Кореја регистрирани 116 „реактивирани” случаи со Ковид-19

Јужна Кореја денеска соопшти дека 116 луѓе се повторно заразени со новиот коронавирус, откако претходно биле излекувани.

Јужнокорејските здравствени власти ги испитуваат „реактивираните” случаи, што се појавија во време кога Владата најави олеснување на ригорозните мерки воведени поради епидемијата.

Директорот на Корејскиот центар за контрола и превенција на болестите Џон Ун-кон наведе дека најверојатно станува збор за реактивирање на вирусот, а не за повторно инфицирање на пациентите.

Додека според други експерти можно е тестовите да биле неисправни. Но, дел од експертите тврдат дека вирусот може да се најде во организмот на пациените, но да не претсатвува опасност за пациентот или другите луѓе.

Јужнокорејските здравствени власти пред една недела соопштија за 51 таков случај, а сега нивнито број се искачи на 116.

Треба да знаете
Последни објави