Генералниот дректор на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус денеска изјави дека се надева оти САД ќе продолжат да ја финансираат оваа Агенција на Обединети нации и покрај критиките од американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп претходно ја критикуваше СЗО дека е премногу „ориентирана кон Кина” и наведе дека Вашингтон ќе ги суспендира финансиските средства за СЗО. Тој, исто така го критикуваше и Гебрејесус дека ја политизира кризата со пандемијата со новиот коронавирус.
– Тоа што го знам е дека тој пружа поддршка и се надевам дека ќе продолжи финансирањето на СЗО. Односот што го имаме е многу добар и се надевам дека така ќе продолжи, посочи Гебрејесус.
Тој додаде дека европските држави кои размислуваат за укинување на рестрикциите треба да бидат водени од „потребата за заштита на човековото здравје”.
– Мерките треба да се укинуваат полека, со задржување на контролата, истакна Гебрејесус.