Додека чекаат тест за коронавирус, спијат во кутии на аеродромот во Токио

Властите во Јапонија решија каде да ги сместат патниците кои чекаат на тест за коронавирус и не се во можност да ја поминат ноќта во еден од хотелите предвидени за изолација.

Секој патник што ќе слета на аеродромот Нарито во Токио додека чека да биде тестиран за опасниот вирус, спие во картонска кутија која е претворена во кревет.

Чекалницата на аеродромот е претворена во спална, а помеѓу кутиите е направено растојание со цел патниците да не се загрозуваат едни со други. Овие кутии се привремено сместување за сите оние кои не се во можност да одат во хотел предвиден за карантин, како и за оние чии роднини и пријатели не можат веднаш да се превезуваат со приватно возило.

https://www.instagram.com/p/B-v5teODmlG/

Додека чекаат да се тестираат, за нив се грижи персоналот на аеродромот кој има заштитна опрема. Патниците имаат право на оброк и пијалак за да го „скратат времето“.

Овој начин на сместување на патниците предизвика лавина критики на социјалните мрежи.

„Ова е само легло на зараза“, коментираат некои на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави